Беќири: Очекувам тежок меч, иако сега немаме притисок како претходните плеј-оф натпревари

Шкендија утре против Лудогорец ќе „брка“ пласман во групната фаза на Лигата на Европа престојната есен. Иако има обезбедено групи во Лигата на Конференции, сепак, македонскиот првак посакува да игра во второто по ред клупско натпреварување во Европа.

Тренеорт на Шкендија, Јетон Беќири за утрешниот меч вели дека очекува да биде тежок, но исто така напоменува дека неговите избраници ќе дадат максимум.

Се вчитува...