Беќири одговори на изјавите на Бекали: Фудбалот се игра на терен…

Соспственикот на ФЦСБ Џиџи Бекали, пред мечот со Шкендија најавуваше дека неговиот тим ќе слави убедливо против македонскиот првак, и дека ќе оди во следната фаза.

Меѓутоа им се случи шок, односно одличната игра на Шкендија придонесе за втора победа од двомечот со 2-1, и со вкупни 3-1 да се пласира во следната фаза.

„Ќе и дадеме на Шкендија минимум три гола“, беше изјавата на Бекали, а следуваше „дипломатски“ одговор од Беќири на вчерашната прес-конференција.

„Ова е една голема победа за нас. Да се победи екипа со ваков квалитет, пред ваква публика и во ваква атмосфера, не е мала работа. Честитки до сите фудбалери на клубот, на навивачите, на секој кој е дел од Шкендија. Импресиите се силни. И покрај сите провокации, имам голем респект за ФЦСБ. Станува збор за клуб со традиција, имаат сопственик кој вложува сериозно во фудбалот и тренер кој знае што прави. Но, јас сум научен дека фудбалот се игра на терен, а не надвор од него“, изјави Беќири.

Се вчитува...