Во таборот на Шкендија владее одлично расположение по првите две рунди од пролетнат аполусезона, откако тетовци на победата во Скопје над Вардар се надоврзаа со домашен триумф над Силекс од 4-2, по што Шкендија сега е осамена на врвот на табелата, со три бода предност во однос на второпласираниот Работнички.
Тренерот Јетон Беќири има причина за задоволство, но младиот стратег јасно стави до знаење дека очекува максимална фокусираност во текот на сите 90 минути, откако неговите избраници одиграа под нивото во првото полувреме против Силекс.
„Можам да говорам за нешто негативно и за нешто позитивно. Негативно беше нашето многу лошо издание во првото полувреме, а позитивно е како реагиравме и одигравме во вториот дел. По разговорите на паузата, играчите се вратија на терен, постигнаа три гола и заслужено триумфиравме. Презадоволен сум од напредокот што го имаме на физички план во однос ан првиот дел од сезоната, квалитет секако не ни недостига. Дури и фудбалерите на клупата за резерви се многу квалитетни, така што постои здрава конкуренција за секое место во тимот. Сепак, продолжуваме да работиме и да напредуваме како екипа, од ден на ден“, изјави Беќири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

