Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкендија стигна до првата историска победа во Европа, откако вечерва на домашен терен славеше над ирски Шелбурн со 1-0 во меч од 2. коло од новата сезона во Конференциската лига на Европа.
Тренерот на тетовци Јетон Беќири по мечот изјави дека е задоволен од победата, но дека Шкендија има уште многу што да покаже.
„Задоволен сум од победата во Конференциската лига. Почнавме скромно уште во јули во квалификациите, но со многу работа успеавме да стигнеме до тука и да испишеме историја. Важно е да имаме добри перформанси и да се освојуваат бодови во Европа бидејќи со тоа помагаме и да се крене рејтингот на македонската лига. Најважно од се е дека оваа екипа се уште не е во својот максимум и се надевам дека во иднина ќе одиграме многу поквалитетно. Се согласувам дека имавме среќа, но среќата ги прати храбрите. Работиме многу и мислам дека ја заслуживме среќата. Тоа што победуваме и кога не сме на стоотсто покажува дека сме квалитетна екипа“, изјави Беќири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

