Јетон Беќири не го криеше задоволството откако Шкендија успеа да излезе како победник од дуелот со Струга ТЛ, во кој тетовци по пенали беа поуспешни од големиот ривал и обезбедија пласман во полуфиналето од Купот на Македонија.
Тетовските „црвено-црни“ не одиграа во рамките на своите можности, но сепак ја остварија целта – останаа во игра и за вториот трофеј во оваа сезона ако се знае дека му се единствени конкуренти на Вардар во трката за титулата во ПМФЛ.
„Секако дека сум среќен поради пласманот, бидејќи не игравме најдобар меч, не бевме на посакуваното ниво. Примивме два гола од кои едниот беше прекрасен, но другиот секако можевме да го избегнеме. Сепак, ми се допаѓа карактерот што тимот го покаѓжа, фактот дека момците се бореа до последната минута. Пласманот во полуфиналето е многу важен, секако дека во следната фаза ќе сториме се за да стигнеме до финалето. Уште сме во трка за два трофеи, тоа е огромна мотивација во овој дел од сезоната, секако дека ќе се бориме до самиот крај и во првенството и во Купот“, порача Беќири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

