Македонскиот шампион Шкендија вечерва од 21 часот во Приштина, против екипата на Дрита, го очекува четврти натпревар во главната фаза од Конференциската лига на УЕФА.
„Црвено-црните“, со досегашните четири бода, и тоа како остануваат со желбите и амбициите за пласман и во елиминациската фаза од ова натпреварување. Па, тренерот Јетон Беќири е и тоа како свесен дека за такво нешто ќе бидат неопходни бодови и од денешното гостување во Приштина.
„И двата тима се подготвени да го дадат својот максимум, посакувајќи ги бодовите од овој меч кој е натпревар од посебно значење. Искрено се надеваме дека ќе дојдеме до позитивен резултат, а позитивен резултат за нас е победа“ – вели Беќири пред денешниот дуел и дополнува:
„Мислам дека ќе биде динамичен, квалитетен натпревар, а нека победи тимот што ќе покаже повеќе на теренот, тимот што ќе има повеќе спортска среќа или тимот што најдобро ќе ги искористи создадените шанси. Може само да кажам дека сите играчи се подготвени и мотивирани и се надевам дека оние што ќе излезат на терен ќе го дадат својот максимум“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

