Бекири разочаран: Шкендија мораше да слави во Струмица, самите сме си виновни

Шкендија ќе влезе како третопласирана во третиот круг од ПМФЛ откако тетовскиот прволигаш во вчерашниот клучен меч одигра само 0-0 на гостувањето против АП Брера.

Тетовци имаат за што да жалат ако се земат во предвид неискористените шанси на дуелот во Струмица, па јасно е зошто тренерот Јетон Бекири ја потенцираше неефикасноста на својот тим како главна причина за разочарувачкиот резултат.

„Тоа беше меч што моравме да го добиеме, нормално дека е наша грешка што не успеавме да постигнеме гол. Во првото полувреме имавме толку многу шанси, но не искористивме ниту една. Имавме доволно ситуации и во вториот дел да стигнеме до предност, па се доведовме на крајот дури и да се спасуваме да не го загубиме натпреварот. Она што е клучно – загубивме два бода кои можат да се покажат клучни во трката за титулата. Ако го сакаме првото место, ако сакаме да бидеме шампиони, мораме да ги добиваме ваквите натпревари. Игравме на реалтивно добар терен, против ривал што игра отворен фудбал. Создадовме шанси, но кога нема да погодиш од шест чисти ситуации, нормално е да бидеш казнет“, изјави стратегот на Шкендија.

Се вчитува...