Беќири реагира: ВАР донесе двојни стандарди во мак-фудбалот

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, не го криеше разочарувањето откако актуелниот првак освои само еден бод на дерби дуелот со Струга ТЛ. Тетовци имаа предност од 0-1, но домаќините стигнаа до бод со гол од пенал што според Беќири не бил праведно досуден.

Стратегот на Шкендија во изјава за клупската веб-страница се пожали на двојни стандарди што според него ги донела ВАР-технологијата во мак-фудбалот.

„Ова беше дерби меч, не можеме да зборуваме премногу за тактика и за фудбалска убавина, но имаше многу борба. Останува да жалиме што не постигнавме втор гол, ако поведевме со 0-2 убеден сум дека Струга немаше да може да се врати. Самиот пенал за домаќините е случаен и сомнителен, каде ако сме искрени, уште еднаш се видоа двојните стандарди во користењето на ВАР-технологијата. Мораме да покажеме дека сме најдобар тим во првенството на теренoт, да се бориме против другите екипи и се што ќе ни застане на патот. Загрижен сум поради ситуациите со ВАР, проблемот со двојните стандарди, се надевам дека тој тренд ќе престане бидејќи ние само сакаме да играме фер, во исти нормални услови и теренот да го даде конечниот исход. Иако, овде и теренот не беше од висок квалитет за да може да се игра сериозен фудбал. Затоа и се се сведе на шутеви и дуели „еден на еден“. Како и да е, јас никогаш не сум задоволен само со реми, мораме да останеме заедно и да продолжиме да работиме напорно“, истакна стратегот на Шкендија по ремито со Струга ТЛ.

Се вчитува...