Беќири: Сакаме Шкендија секогаш да победува, но денеска сум задоволен и со реми

Шкендија ремизираше 1-1 на дербито на колото против Шкупи, рзезултат по кој тетовци се на делба на првото место заедно со екипата на Работнички.

Тренерот Јетон Беќири не беше најзадоволен од изданието на својот тим, но откри и дека „црвено-црните“ имале низа проблеми пред овој меч.

„Навистина не бевме во нашето препознатливо издание денеска, треба и да му честитаме на Шкупи за агресивноста со која влезе во мечот. Во првото полувреме имавме доминација, но во вториот дел паднавме психолошки до 60. минута и примивме гол. Ова беше меч во кој можевме да загубиме, но исто така и да го добиеме. Кога не играш онака како што знаеш, ремито е прифатлива опција, особено против тим како Шкупи со кој ќе се мачат сите екипи сезонава. Ние во секој меч влегуваме со желба да победиме, но денеска и ремито е прифатливо до одредена мера. Имавме и бројни проблеми, Вебтер и Коцев не се подготвени за натап, Коцев мораше да влезе во вториот дел и можам да кажам дека коректно си ја заврши работата. Левиот дел од одбраната ни создаде многу проблеми, Мерџани мораше да оди на инфузија пред мечот за да може да настапи, но не можеше да издржи долго… Затоа велам, генерално гледано сум задоволен, но мораме да работиме напорно и да играме уште подобро на следните натпревари“, изјави стратегот на тетовскиот прволигаш.

Шкендија во следното коло закажано за наредниот викенд ќе ја пречека екипата на Воска.

Се вчитува...