Екипата на Шкендија ќе мора да брка победа на реваншот против Карабах ако сака да се пласира во плеј-офот во Лигата на шампионите, откако вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ пред околу 18.000 гледачи, беше поразена од азербејџанскиот шампион Карабах со 0-1.
Тренерот на тетовци, Јетон Беќири по мечот изјави дека и покрај поразот не се предаваат и ќе дадат се од себе во Баку.
„Многу благодарам на публиката за одличната поддршка. Ова беше меч на кој не треба да примиш гол како што ние примивме. Да бидам искрен и ние и Карабах имаме добри шанси. Не бевме на ниво во првото полувреме, но во вториот дел бевме подобри. Задоволен сум бидејќи дечките го дадоа максимумот и секогаш кога нема да победиме грешката е кај мене. Не се предаваме и ќе дадеме се од себе во Баку. Со перфектен меч мислам дека можеме да извлечеме позитивен резултат таму“, изјави Беќири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

