Шкендија со нерешено 0-0 се враќа од гостувањето во Велс кај тимот на ТНС. Ова е добар резултат за првакот пред реваншот кој се игра идната недела во Скопје.
Тренреот на Шкендија, Јетон Беќири истакна задоволство од резултатот, со надеж дека во вториот меч ќе обезбедат триумф и пласман во следната рунда во Лигата на шампионите.
„Мислам дека беше натпревар во кој во одредени моменти доминиравме ние. Имавме повеќе чисти шанси од противникот. Во еден момент кога направивме грешка во одбраната, нашиот голман спаси 100% шанса на домашниот тим. Со оглед на потешкотиите кои ги имавме, како што е вештачки терен, или отсуството на двајца многу важни играчи во подготвителната фаза во Словенија, како што се Бесарт Ибраими кој беше повреден и Ибрахим Алхасан кој не патуваше поради проблеми со визата, верувам дека тоа е прифатлив резултат. Мора да бидеме приземјени и да се обидеме да ја менаџираме ситуацијата за да излеземе како победници во двата натпревари, за да се пласираме во втората рунда. Верувам дека ние сме фаворит во реваншот. Врз основа на квалитетот што го имаме во тимот, ние сме фаворити. Ќе имаме предност уште една недела работа, но сепак, влегувањето во ритам уште повеќе, бидејќи треба да се нагласи дека Бесарт беше подготвен само 45 минути и ние, во соработка со стручниот штаб и играчот, одлучивме дека е подобро за него да игра во второто полувреме. Верувам дека уште една недела плус, тој и некои играчи кои сè уште не се во врвна форма, верувам дека ќе имаат корист од ова и на реваншот во Скопјe, со тоа што ќе го дадат својот максимум, со помош на публиката, верувам и се надевам дека ќе бидеме тимот што ќе победи и ќе се квалификува во втората рунда“, изјави Беќири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

