Беќири: Во трката за титула во ПМФЛ се пет тима

Фудбалерите на Шкендија со реми без голови против Гостивар (0-0) го затворија есенскиот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

На врвот на табелата е вистински метеж откако дури три тима имаат исто бодови по есенскиот дел. Тренерот на тетовци, Јетон Беќири вели дека на пролет дури пет тима ќе се борат за титулата.

„Лани за титулата се бореа три екипи, годинава во трката се пет, така што ќе биде многу интересно, но и многу потешко да се стигне до посакуваниот трофеј. Наша цел е најпрвин да одработиме добри зимски подготовки, да ја кренеме формата кај сите фудбалери и потоа максимално подготвени да го дочекаме стартот на вториот дел од сезонава.

Што се однесува до денешниот натпревар одигравме квалитетно против еден од најсилните тимови во македонското првенство. Доминиравме, создадовме чисти шанси, но не реагиравме како што треба во клучните моменти. Понекогаш за победа потребна е и среќа, која што денес ја немавме“, рече Беќири. 

Се вчитува...