Беќири: Задоволен сум од моите играчи што победија на овој терен кој не е за фудбал

Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкендија славеше на гостувањето во Кратово кај Силекс со 1-2 во дерби натпреварот од 19. коло од пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Тренерот на тетовци Јетон Беќири по мечот беше горд на своите фудбалери кои успеаја да слават на како што вика теренот на кој не смее да се игра првенствен фудбал.

„Задоволен сум од борбата со која го добивме мечот, бидејќи не можам да зборувам за фудбалот што го игравме. Ова поле нема никаква врска со фудбалот. Задоволен сум од карактерот и посветеноста на играчите. Со малку среќа, не можевме добро да го затвориме првото полувреме, примивме гол во многу лош момент. Потоа имаше моменти кога ризикувавме, но имаше и моменти кога можевме да победиме и моменти кога можевме да го изгубиме натпреварот. Важно е што ризикувавме, со тоа што внесовме повеќе офанзивни играчи. Секогаш велам дека среќата ги следи оние кои се борци и кои даваат се од себе“, изјави Беќири. 

Се вчитува...