Во заостанатиот натпревар од Првата македонска фудбалска лига, Шкендија со пресврт триумфираше со 1-2 против „фенерџијата“ Шкупи, благодарание на погодоците во второто полувреме.
Тренерот на тетовци, Јетон Беќири по мечот изјави дека е задоволен од трите бода, но дека е разочаран од состојбата на теренот.
„Во меѓувреме, и покрај почитта кон навивачите на Шкендија и нашите навивачи, нема да давам никакви технички коментари за фудбалот, бидејќи до моментот кога ќе играме вака на ливади, а не на терени и стадиони, ќе се обидам да ја почитувам професијата и да се повлечам од секој збор. Надлежните органи мора да се справат со овие аномалии што се јавуваат поради терените и сега можеме да зборуваме за сè, но не за фудбал. Задоволен од трите бода, нема да давам никакви други коментари“, изјави Беќири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

