Само една НБА-легенда е подобра од Јокиќ (ВИДЕО)

Деневер ја запиша првата победа во новата сезона откако славеше над Хјустон со 124111 во натпревар во кој повторно блесна српскиот интернационалец, Никола Јокиќ. Центарот на Нагетс натпреварот го заврши со 19 поени, 18 асистенции и 12 скока, со што Србинот стигна до 43. трипл-дабл во кариерата и се изедначи на деветтото место на вечната листа во НБА лигата со Фет Левер.

Воедно, 18-те асистенции беа втор најдобар ефект на еден центар во историјата на НБА-лигата. Подобар од ова остварување на Јокиќ беше единствено легендарниот Вилт Чембрлен, со 19 асистенции на меч одигран во 1968 година.

 

Се вчитува...