Бела кокошка прекина меч во Холандија (ВИДЕО)

Интересна ситуација ни доаѓа од мечот меѓу Хераклес и Херенвен во холандското првенство. Досега се случувало мечеви да бидат прекинувани поради влегување на навивачи на терените, но сега се случи да влезе бела кокошка.

На самиот почеток на натпреварот навивачите фрлаа јајца на теренот, а набрзо по тоа на теренот влезе и една кокошка. Како што пренесуваат холандските медиуми, навивачите на Хераклес на овој начин да го покажат незадоволството поради промената на името на стадионот. Стадионот кој досега се вика „Полман“ во иднина ќе носи име на некој спонзор.

На крајот натпреварот заврши со победа на гостите од (0-4).

Се вчитува...