Пред клучниот натпревар од квалификациите за Светското првенство помеѓу Велс и Македонија за медиумите говореше велшкиот селектор Грег Белами.
Поранешниот искусен фудбалер ја пофали играта на македонската репрезентација изјавувајќи дека неговите фудбалери мора да бидат внимателни на натпреварот кој ќе биде одигрн утре со почеток од 20 часот и 45 минути.
„Би сакал да бидеме на првото место, но пристапувам натпревар по натпревар. Ми се допаѓа што овој меч има резултатска тежина, тоа е ново искуство за мене, бидејќи кога играв последните три или четири натпревари, немавме за што да се бориме, па затоа ова ми претставува позитивно чувство. Секогаш е голема предност кога се игра на домашен терен, така е во секој спорт. Свесни сме дека мора да победиме, но мора да бидеме трпеливи. Македонија игра со длабока одбрана, не инсистира на посед, но многу добро ги изведува своите контранапади. Мора да бидеме внимателни“, изјави Белами.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

