Селекторот на Велс, Крејг Белами го најави гостувањето во Скопје и дуелот со Македонија. Тој рече дека му се допаѓа предизвикот да игра против една таква селекција, но дека нема непреспиени ноќи за дуелот во вторник.
Белами кажа дека Велс мора да го даде најдоброто од себе во вторник и да дојде до победата.
„Мораме да бидеме најдобри, а што ќе се случува ќе видиме. Дали имам непроспиени ноќи? Не, има многу поважни работи. Ми се допаѓа предизвикот да можам да ја подготвам репрезентацијата да победи против Македонија. Би сакал да има можност да подготвам тим кој би играл против Бразил. Не гледам на се како живеење со „нож во грлото“, знаете на што мислам? Но, мораме да одиме да се подготвиме за секој предизвик. Следниот предизвик да играме против Македонија ме возбудува“, рече Белами.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА