Белами: Сите три репрезентации имаме подеднакви шанси за СП

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ќе го пречека Казахстан на домашен терен во меч од квалификациите за СП 2026 година.

Покрај овој меч бурно ќе го следиме и дуелот во Кардиф меѓу Велс и Белгија.

Селекторот на Велшаните, Крег Белами вели дека сите три репрезентации имаат подеднакви шанси за пласман на Мундијалот.

„Убавиот дел од оваа група сега е што ние имаме уште три меча до крајот и доколку ги победиме сите три, ќе одиме на Светско првенство. Истото се однесува и за Белгија и за Македонија“, вели Белами.

Се вчитува...