Белами: Сочувствуваме со македонскиот народ, тешко е да се зборува за фудбал

Велшката експедиција со задоцнување слета во Скопје, поради што доцнеше и денешната прес-конференција на Националната арена, на која селекторот Крег Белами во манир на голем човек најпрвин се осврна на големата трагедија што ја погоди нашата држава.

„Пред се, би сакал да изразам сочувство на семејствата на жртвите на трагедијата во Македонија. Знаеме низ што поминува земјата и целиот народ, ние во Велс се имаме соочено со многу трагедии, па сакам во името на целиот Велс да кажам дека жалиме со вас заради трагедијата. Тешко е да се зборува за фудбал во ова време. Македонија е голем предизвик, а лигата Ц е поинаква од лигата Б. Ми се допадна мечот кој Македонија го одигра со Хрватска, контранападите им се силна страна и сигурно е дека ќе биде интересен меч. Исто така, Македонија ќе биде многу мотивирана“, изјави селекторот Белами.

Натпреварот меѓу Македонија и Велс на програмата е утревечер во 20.45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Се вчитува...