Беласица: Детонит со чист гол од офсајд стигна до победа против нас (ВИДЕО)

Фудбалерите на Беласица загубија на домашен терен од Детонит Плачковица со 1-2 во натпревар од 27. коло во Втората македонска фудбалска лига.

Од таборот на струмичани како виновници ја посочија судиската тројка, која како што велат на противникот му дозволила да постигне гол од офсајд позиција.

„Ќе оставиме тие што се задолжени и компетентни за тоа да одлучуваат дали е правилна одлуката, но да се ангажираме во иднина сите заедно, а најмногу тие што треба да трудот на играчите и тренерите во фудбалот наш не го фрламе туку така во бунар. Да го сфатиме ова денес како: „Тие што работат и грешат”, но грешките да не станат честа појава…“, стои во соопштението на Беласица. 

Се вчитува...