Беласица ги стартуваше подготовките за новата сезона во ВМФЛ

Македонскиот фудбалски второлигаш Беласица ги стартуваше подготовките за новата сезона во второто по ранг фудбалско натпреварување во Македонија.

Шефот на стручниот штаб Беќаров Васе го оддржа првиот тренинг, на кој имаше на располагање 25 играчи.

Во наредниот период, ФК Беласица ќе одигра и пет пријателски натпревари за темпирање на формата, против екипите на српска Дубочица, бугарски Симитли, Детонит Плачковица, Силекс и генералката против Вардар Неготино.

 

Се вчитува...