Второлигашот Беласица полека ги консолидира своите редови во настапите идната сезона. Во Струмица пристигна и првото засилување во името на Марио Дебрешлиоски. Станува збор за 22-годишен фудбалер од дефанзивниот дел од средниот ред. Тој доаѓа од екипата на Пелистер.
Вчера тимот на Беласица ги почнал подготовките за новата сезона. Стручниот штаб Александар Стојанов ја изврши првата прозивка со 27 играчи. Тимот ќе се подготвува во Струмица, а ќе одигра и неколку пријателски натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА