Беласица: Како клуб преговаравме со турски инвеститори, но не беа прифатени нивните барања

Македонскиот фудбалски второлигаш и поранешен шампион Беласица излезе со соопштение по повод шпекулациите за наводна продажба на клубот на странски инвеститори.

Од клубот велат дека имало преговори, но досега ниту една од понудите не била прифатена бидејќи не била во интерес на клубот.

Во продолжение ви го пренесуваме целосно соопштението од ФК Беласица:

„Фудбалскиот клуб Беласица се обраќа до цела спортска јавност во врска со нецелосните шпекулации кои деновиве кружеа на социјалните мрежи во врска со новите сопственици. Сакаме да ве информираме а и да потврдиме дека преговори се водеа со повеќе турски инвеститори, со имињата на споменатите луѓе на повеќе социјалните медиуми течеа долги преговори, но после се беше одлучено да не се прифатат нивните барања затоа што не одеа во интерес на ФК Беласица. Во моментов преговорите продолжуваат и клубот се насочи кон тие кои што уште на почеток беа најсериозни и најискрени во нивните намери за ФК Беласица, преговорите се при самиот крај исто така со турски инвеститор кој е сопственик на една од поголемите компании која се занимава со градежништво и е акционер во повеќе спортови и спортски клубови низ Турција. Сите детали околу официјалното потпишување на договорот ќе бидат наскоро, и ќе бидат споделени најпрво на нашата официјална ФБ страна и нашиот Инстаграм профил“, стои во соопштението од Беласица. 

Се вчитува...