Резултатската криза го примора тренерот Благој Гуцев да понесе отставка од тренерското место во Беласица, но второлигашот и покрај поразот од Слога Виница во последното коло кој е четврти за тимот едно по друго застана зад својот тренер.
Тимот од Струмица со соопштение на социјалните мрежи објави дека застанува зад Гуцев кој ја има целосната поддршка и тој е нераскинлив дел од плановите за иднината на тимот и неговото враќање во прволигашкиот фудбал.
„На денешниот состанок на управата на ФК Беласица АД, беше разгледена понудената оставка на шефот на стручниот штаб Благој Гуцев и беше одлучено едногласно дека не е прифатена истата. Гуцев ја ужива целосната доверба и ја има поддршката на управата, како и на фудбалерите и тој е нераскинлив дел од плановите за иднината на ФК Беласица и враќањето на клубот во ПМФЛ.
Со почит,
ФК Беласица АД“, свои во соопштението на второлигашот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА