Второлигашот Беласица денеска неочекувано загуби на домашен терен од Слога Виница (2-3) по што дојде до промена на тренерската позиција.
Досегашниот предводник од клупата, Благој Гуцев, со објава на социјалните мрежи потврди дека повеќе нема да го предводи тимот од Струмица.
„Беласица е име со тежина, име што само по себе носи одговорност. Кога губи Беласица губи Струмица, губиме сите. И покрај успешниот период поминат во клубот, издигнување на клубот од долниот дел на табелата, надигрување со најдобрите во лигата и пред се презентација на млади струмички фудбалери во првиот тим го затворам овој период како успешен. Клубот е на прав пат, со сопствени играчи ќе се врати кај што му е местото. Благодарност до сите во клубот за ова неописиво задоволство. Од денеска не сум повеќе тренер на клубот за кој душата сум ја оставал и на теренот и надвор од него“, напиша Гуцев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА