Екипата на Беласица приреди изненадување на стартот од Купот на Македонија успевајќи да го елиминира прволигашот Арсими, и тоа по подобро изеведување на пенали откако дуелот заврши без победник, 2-2.
Успехот на струмичани е уште поголем ако се знае дека Арсими имаше предност од 0-2, но фудбалерите на Беласица најдоа сили за камбек и преку одличниот Александар Коцев стигнаа до израмнување. Фудбалерите на Арсими промашија два пенала на стартот, потоа следеа и две грешки на играчите на Беласица, но во клучната серија потфрли гостински играч, на огромна радост на струмичани.
Арсими е вториот прволигаш што испаѓа во раната фаза од Купот на Македонија, по тимот на Брера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

