Беласица ремизираше со Сремска Митровица, победа на Тиквеш, реми на Кожуф и Кит Го

Фудбалерите на Беласица ремизираа без голови со српскиот тим Сремска Митровица на пријателскиот натпревар во рамките на зимските подготовки.

Струмичани имаа неколку убави можности за погодок, беа подобар противник, но не успеаја да дојдат до гол за триумф.

Тиквеш славеше со 4-2 на пријателскиот дуел против Плачковица. Стрелци на головите за кавадарчани беа Симеон Христов, кој постигна два гола, како и Благоја Љамчевски и Ѓорѓи Мојсов.

Кожуф и Кит Го одиграа натпревар без победник во Гевгелија. Кожуф поведе во првото полувреме со голот на Зумровски, а за пехчевци во второто полувреме израмни Ступиќ.

Се вчитува...