Беласица се засили со Јакимов од Работнички (ФОТО)

Во oчекување на продолжението од сезоната во Втората македонска фудбалска лига, Беласица се засили со уште еден млад и перспективен играч кој ќе биде освежување на голманската позиција за струмичани.

Беласица како свој нов игра го промовираше Петар Јакимов кој е стандарден репрезентативец на Македонија во селекцијата до 19 години.

Јакимов во Струмица се сели од редовите на Работнички, од каде до крајот на сезоната ќе биде на позајмица.

Се вчитува...