Раководството на Беласица продолжува со формирањето на екипата за наредната сезона во која струмичани се надеваат на влез во елитното друштво.
Нови членови на струмичкиот второлигаш од денеска се Петар Иванов, Љупчо Христовски и Костадин Капсаров, кои веднаш ќе се стават на располагање на стручниот штаб.
„Денес, нашата екипа се договори со уште тројца млади таленти. Станува збор за Иванов Петар кој е 2003 годиште и е дефанзивен играч, а ни доаѓа од швајцарскиот клуб Криенс. Христовски (2004) е играч од средината и ни доаѓа од ФК Брера, а исто така од Брера доаѓа и Капсаров кој е 2005 годиште и е крилен играч“, објави ФК Беласица.
За потсетување, струмичани веќе донесоа бројни засилувања за наредната сезона, а на листата се наоѓаат Серафимовски, Петревски, Дрвошанов, Ахмедов, Митров, Јованов, Горгиовски, Ахтаров, Бејков и Картов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА