Фудбалерите на Беласица дојдоа до првата победа на вториот пријателски натпревар за време на зимскиот подготвителен период.
Составот на Ѓоре Јовановски славеше убедливо со 3-0 против второлигашот Плачковица. Трите погодоци паднаа во второто полувреме. Два гола запиша најновото засилувања Бесар Гуџуфи, кој пристигна од Вардар, а еден беше дело на Коцев.
На првиот тест зимава, како што е познато, Беласица загуби од Тиквеш со 2-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

