Македонската репрезентација во традиционално карате на вториот ден од Eвропскиот шампионат 2021 во Белград, освои уште две сребрени медали.
По петте медали од првиот натпреварувачки ден во категоријата деца, вчера со сребрени медали се закитија Антонија Белазелкоска во фукуго за јуниорки и Мила Младеновска во фукуго за кадетки. Максимилијан Глигоров и Иван Пиневски имаа солиден настап во јуниорска конкуренција, но за жал не успеаја да дојдат до медал.
Утре е последен ден од ЕП во Белград каде ќе настапат сениорите: Дејан Недев, Јадранка Недева, Емилија Јанчевска и Бојан Богдановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА