Англискиот премиерлигаш Арсенал ќе биде без помошта на десниот бек Хектор Белерин на вечерашниот прв осминафинален меч од Лигата на Европа против Милан. Тој не отпатува со тимот во Милано, откако на последниот тренинг пред заминувањето заработил повреда на коленото. Првичните информации од Островот говорат дека повредата не е наивна и дека можеби Белерин ќе мора да замине и на операција за комплетно да ја санира. Тоа значи дека ќе отсуствува најмалку еден месец од терените, и тоа во периодот кога „топчиите“ имаат очајни резултати.
Менаџерот Арсен Венгер најави дека настапот во Лигата на Европа е сега приоритет за Арсенал, со оглед дека во Премиер – лигата веќе немаат реални шанси да се изборат за една од позициите кои водат во Лигата на шампионите следната сезона. А доколку го освојат трофејот во Лигата на Европа, тогаш ќе обезбедат место во елитното европско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА