Краток ќе биде престојот на Арбер Ќерими во редовите на Металург откако во последен момент се искомпликува потписот на договорот што белгискиот репрезентативец требаше да го потпише со македонскиот вицешампион.
Ќерими допатува во Македонија и ги мина подготовките со „металурзите“, по што пред неколку дена заминал за Белгија за да ги среди документите со својот поранешен клуб и да може официјално да потпише со Металург. Стручниот штаб сметал на неговите услуги, па токму затоа во клубот биле изненадени што Ќерими во последен момент се премислил и побарал промена на условите што од претходно биле договорени.
Одговорот на Металург е дециден – договорот може да биде потпишан само под првичните услови, па според последните информации белгискиот ракометар воопшто нема да се врати назад во Скопје. Шансите да дојде до пресврт во ситуацијата се минимални, Ќерими вечерва требаше да продолжи со тренинзи, па доколку во следните 24 часа не продолжи со тренинзи со „металурзите“ јасно е дека оваа приказна предвреме ќе заврши.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА