Белгија без Лукаку на мегдан против Англија?

Белгија ќе биде значително ослабена за дуелот против Англија во третото коло од групата од СП 2018 откако Ромелу Лукаку се уште се жали на повреда здобиена на мечот со Тунис.

Извонредниот голгетер мораше да биде заменет откако постигна два погодоци, селекторот Мартинез веднаш по мечот откри дека станува збор за повреда, а состојбата на Лукаку не е подобрена ниту во изминатите 48 часа.

„Ромелу Лукаку ниту денеска не тренираше. Повредата не е наивна и ако ситуацијата драстично не се подобри тој нема да може да ни помогне против Англија“ – изјави Роберто Мартинез.

Еден Азар, кој исто така се повреди против Тунис, денеска тренираше со остатокот од тимот и ќе биде во комбинација за настап против „гордиот албион“.

Се вчитува...