Белгија без Тибо Куртоа во Скопје

Реал Мадрид потврди дека нивниот прв голман, Тибо Куртоа повреда и поради тоа веројатно нема да се стави на располагање на белгискиот селектор Руди Гарсија за мечот против Македонија на 6. јуни.

Првиот голман на белгиската репрезентација има сакроилитис (воспаление на зглобовите кои ги поврзуваат рбетот со карлицата), па токму од тука е крајно неизвесен за натпреварите за Белгија.

Тоа би било голем хендикеп за Белгија, а предност за Македонија во натпреварот кој се игра на 6. јуни во Скопје во рамките од 3. коло во квалификациите за СП.  Покрај Куртоа, за натпреварите со Македонија и со Велс повикани се уште и Мац Селс од Нотингем, кој се очекува да застане меѓу диреците во петок, потоа Сен Ламенс од Антверпен и Мортен Вандерворд од Лајпциг.

Се вчитува...