Белгија и Италија до последните билети за Ф4 во Лигата на нации

Репрезентациите на Белгија и на Италија ги освоија првите места во своите групи, со што си обезбедија место на фајналфор-завршницата од Лигата на Нации, на која ќе учествуваат уште и селекциите на Франција и на Шпанија.

Италијанците и со преполовен состав рутински славеа на гостувањето против БиХ со 0-2, меч што немаше значеше за домаќините кои веќе ги загубија шансите за опстанок во елитното друштво од Лигата на Нации. Белоти во 22. минута ја најави победата на „аѕурите“, а печат на триумфот во второто полувреме стави Берарди.

Белгијците славеа во директната пресметка со Данска (4-2), за освојувањето на првото место во групата. Ромелу Лукаку беше херојот, постигнувајќи два погодоци во вториот дел откако на одмор се замина со израмнети 1-1. Данците намалија во финишот со автоголот на Чадли по катастрофалниот „кикс“ на Куртоа, но само една минута подоцна Де Бруине стави печат на победата на Белгијците.

Англија очекувано лесно го декласираше Исланд со 4-0, дуел на кој головите за „гордиот албион“ ги постигнаа Фоден (два), Рајс и Маунт.

Србија изненади откако со преполовен состав ја демолираше Русија со 5-0. Лука Јовиќ постигна два погодоци за северниот сосед, а по еднаш мрежата на Русите ја затресоа Радоњиќ, Влаховиќ и Младеновиќ.

Се вчитува...