Белгија ослабена за турнејата во САД

Крилниот напаѓач на Арсенал , Леандро Тросард, и играчот од средниот ред на Клуб Бриж, Ханс Ванакен, го напуштија кампот белгиската репрезентација која се подготвува за претстојните пријателски натпревари во САД поради повреди, истакна Белгиската фудбалска федерација.

Двајцата играчи имаат физички проблеми и нема да патуваат со селекцијата. Тие првично беа дел од списокот од 28 играчи на тренерот Руди Гарсија.

„Одлуката ќе им помогне да продолжат со закрепнувањето и да ја достигнат оптималната форма“, напиша федерацијата.

Белгиската репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против САД на 28 март во Атланта и против Мексико три дена подоцна во Чикаго.

Се вчитува...