Белгија по стапките на Франција и Холандија – Крај на Лигата, Клуб Бриж шампион

Белгиската фудбалска федерација ја прогласи за завршена Националната лига и за шампион го прогласи Клуб Бриж. Одлуката која од федерацијата беше донесена уште минатиот месец, денеска доби официјална потврда, откако на собрание сите клубови гласаа за завршуваше на шампионатот. Тоа значи дека по Франција и Холандија, Белгија е третата земја која поради пандемијата од коронавирусот одлучи да го прекине шампионатот.

Бриж имаше 15 бода предност на првенствената табела и заслужено е прогалсен за нов шампион. Бриж ќе има директно место во Лигата на шампионите, а второпласираниот Гент ќе биде дел од квалификациите за елитното натпреваруње.

Денеска со едногласна одлука на клубовите е прекината и англиската Лига 2. Германците веќе утре го продолжуваат шампионатот, додека во Италија, Серија А ќе продолжи на средината на месец јуни.

Се вчитува...