Белгија размислува за селекторска смена пред квалификациите за СП!?

Белгија е една од репрезентациите која се најде во иста квалификациска група со Македонија на патот кон Мундијалот 2026 година. Кај Белгијците во моментов е период на размислување дали ќе менуваат селектор или не.

Белгиските медиуми наголемо пишуваат дека Доменико Тедеско ќе биде поранешен, и дека тој денеска не бил на ждрепката, а нема ниту негов коментар за противниците.

Извршниот директор на белгиската федерација бил на ждрепката, и после неа даде коментар:

„Не беа присутни сите селектори. Но, нашиот не беше таму затоа што во моментов сме во евалуациски период по Лигата на Нации“, рече Вилемс, кој на прашањето дали ќе има отпуштање на селекторот, одговори:

„Тоа не е на дневен ред, но има време да размислиме. Меѓутоа не очекувам да има некои промени“, кажа Вилемс.

Се вчитува...