Белгија се врати од „мртвите“ и опстана во „А“ сегментот во Лигата на Нации (ВИДЕО)

После поразот од првиот меч против Украина од 3-1, и слабата игра, малкумина кој од Белгија се надеваше дека нештата може да се сменат на реваншот. Но, вечерва во Генк Белгијците за само 16. минути постигнаа три гола, и успеаја да изборат опстанок во А сегментот во Лигата на Нации.

Де Кујпер најпрво во 70. минута донесе предност од 1-0, а потоа два гола на Лукаку во 76. и во 86. минута за 3-0, и конечни 4-3 за Белгијците за опстанок во најсилниот сегмент во Лигата на Нации.

Репрезентацијата на Ирска, пак, опстана во сегментот, откако и во вториот меч ја совлада Бугарија со 2-1 (првиот меч заврши исто така со победа на Ирците од 2-1).

Се вчитува...