Легендарниот француски фудбалер Тиери Анри би можел да го замени Доменико Тедеско во репрезентацијата на Белгија. 47-годишниот Французин е водечки кандидат за местото селектор на белгиската репрезентација. Новинарот Саша Таволиери го објави ова во етер на каналот LN24.
Анри е првиот кандидат затоа што има добри односи со играчите на тимот, вклучувајќи ги и ѕвездите, вклучувајќи ги Ромелу Лукаку и Кевин де Брујне, откако беше помошник во минатото на оваа репрезнтација.
Покрај Анри, на листата на кандидати се и Ерик тен Хаг и Марк ван Бомел. Кралската белгиска фудбалска асоцијација се очекува да донесе одлука на крајот на јануари.
Белгија треба да игра против Македонија во квалификациите за пласман на Светското првенство 2016 година во САД, Мексико и Канада.
Анри има скромно теренерско искуство. Го водеше Монако, Монтреал, младата француска селекција и олимписката репрезентација на Франција, носејќи ја селекцијата до сребрениот медал откако загуби во финалето на Олимписките игри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА