Белгија со моќно второ полувреме ја совлада Данска за осминафинале (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Белгија е веќе во осминафиналето на ЕВРО 2020 откако во 2. коло од Групата Б славее против Данска по пресврт со 1-2.

По едно тотално изгубено прво полувреме за Белгијците кои беа торпедирани од Данска, во вториот дел со одлична играа дојдоа заслужено до триумфот.

Данска целосно доминираше во првиот дел со гол за 1-0 уште во 100. секунда преку Полсен.

Веднаш потоа Данците имаа уште неколку шанси, но не успеаја да ја дуплираат предноста.

Па, во второто полувреме во игра кај Белгија влегоа Де Бруине, Витсел и Азар, па најпрво Т. Азар во 55. минута израмни на 1-1, а Де Бруине во 70. минута заокружи за 1-2.

Данска само чудо во последното коло може да ја однесе до следната рунда на Европското првенство 2020.

Се вчитува...