Белгија со нов селектор на мечевите против Македонија во квалификациите за СП

Доменико Тедеско доби отказ на местото селектор на фудбалската репрезентација на Белгија поради лошите резултати, но и покрај лошиот однос што го имаше со првите ѕвезди на оваа репрезентацјиа.

Белгијците ќе бидат противник на Македонија во квалфикациите за Светското првенство, а во двобојот против нашата селекција ќе бидат со нов селектор.  На последните десет натпревари, Белгија победи само двапати и тоа е главната причина за отказот.

Како најголем фаворит за селекторската позиција се споменува легендарниот Тјери Анри кој му беше помошник на Мартинез кога тој ја предводеше оваа селекција.

Се вчитува...