Селекцијата на Белгија со пет дадени, и со „чиста“ мрежа ги одигра последните два меча пред настапот на Европското првенство во Германија.
После победата над Црна Гора од 2-0, Белгијците вечерва во Брисел пред 50.000 гледачи ја совладаа и селекцијата на Луксембург со 3-0.
Лукаку со два гола и Тросар еден ја донесоа победата на Белгија. Избраниците на селекторот Џакомо Тедеско се во група со Словачка, Романија и Украина, и се фаворити за првото место во групата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА