Белгија со Руди Гарсија ќе ја предизвика Македонија во квалификациите за СП

Еден од противниците на фудбалската репрезентација на Македонија во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година (САД, Канада, Мексико) репрезентацијата на Белгија назначи нов селектор.

Се работи за искусниот стратег Руди Гарсија за кого ова ќе биде прва селекторска функција во кариерата. Гарсија последниот ангажман го имаше во Наполи, а претходно во кариерата меѓу другите ги водеше и Лил, Рома, Олимпик Марсеј, Лион, Ал Наср…

Со Лил беше шампион на Франција во 2011 година, а три пати беше прогласуван и за најдобар тренер во францускиот шампионат (2011, 2013 и 2014). Во Наполи Гарсија соработуваше со нашиот Елмас.

Се вчитува...