Фудбалската репрезентација на Македонија со одлична бодовна залиха го чека септемврискиот циклус во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико.
Македонија од првото место на табелата прво ќе го пречека Лихтенштајн на 7. септември. Меѓутоа веќе е познато и местото на одигрување на дуелот со Белгија, кој е закажан за 10.октомври.
Белгијците денеска објавија дека тој натпревар ќе се игра во Гент, а доколку нашите фудбалери успеат да останат непоразени на овој меч, шансите за пласман на Мундијалот и тоа како ќе бидат на наша страна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

