Белгијците ги чека „пекол“ – Македонија пред преполна Арена, вратите се отвораат во 18:45 часот

Македонската репрезентација ќе има максимална поддршка пред 30.000 навивачи на арената „Тодор Проески“ вечерва од 20:45 часот против Белгија во квалификациите за Светското првенство 2026.

Веќе е сосема јасно дека Белгијците ги очекуваат преполни трибини, во желбата македонската селекција да дојде до позитивен резултат кој ќе ги остави надежите за првите две позиции во квалификациската група.

Фудбалската федерација на Македонија, за сите навивачи кои вечерва ќе бидат на Арената, се огласи со важни информации во пресрет на натпреварот…

„Ве повикуваме сите да пристигнете на време и да ја поддржиме нашата репрезентација! Вратите се отвораат во 18:45 часот. Дојдете порано за да избегнете метеж и навреме да си го заземете вашето место. Лица со жолти маички ќе ги проверуваат / скенираат билетите на влезот. Подгответе ги однапред за побрза и полесна проверка. На билетите се наведени предметите кои не се дозволени за внесување. Ве молиме почитувајте ги правилата за ваша и заедничка безбедност. Понесете го вашето знаме или шал и сите заедно да ја обоиме арената во црвено-жолто и да навиваме за Македонија“ – порачаа од Фудбалската федерација на Македонија.

Се вчитува...