Белгија имаше одлична проверка на моментната форма пред стартот на Светското првенство. Селекцијата на Роберто Мартинез ја совлада Костарика со убедливи 4-1 и потврди дека ќе биде еден од фаворитите во сенка на претстојниот мундијал во Русија.
Костарика прва поведе на овој пријателски меч преку Брајан Руиз, но потоа Белгијците ја покажаа својата сила. Дрис Мертенс израмни, а Ромелу Лукаку ја доведе својата селекција во водство пред одморот. Во вториот дел, Ромелу Лукаку уште еднаш се запиша меѓу стрелците, а Мичи Батшуаи го постави конечниот резултат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА