Еден од најдобрите белгиски фудбалери, Кевин Де Брујне се огласи по повредата во финалето од Лигата на шампионите против Челси и даде оптимизам дека лошата повреда што ја доживеа во Порто нема да влијае на неговото заминување на Европското првенство.
Белгискиот фудбалер ќе гледа што е можно побрзо да ја заборави последната сабота во мај годинава, бидејќи освен што остана без првиот трофеј во Лигата на шампионите, тој се здоби и со скршеница на носната коска.
Фудбалерот на Сити преку Твитер изјави дека се чувствува добро, верувајќи дека за десет дена ќе се сретне со репрезентативните соиграчи на Европското првенство.
“Само што се вратив од болница. Мојата дијагноза е акутна фрактура на носната коска и фрактура на коската на отворот на окото. Се чувствувам добро. Сè уште сум разочаран од пораз во финалето на Лш, но ќе се вратам посилен”, изјави Де Брујне.
Да потсетиме, во финалето од Лигата на шампионите против поранешниот клуб, Де Брујне претрпе незгоден удар во лице против невнимателниот Антонио Ридигер, па го напушти теренот во 60-та минута. Сити го загуби финалето за титулата европски првак со резултат од 1-0, а стрелец на единствениот погодок беше Каи Хаверц на крајот на првото полувреме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА